Пендаровски му објасни на Мицотакис дека се прават напори да се реши спорот со Бугарија, а по средбата Пендаровски рече дека иако во Бугарија има техничка влада, разговорите за надминување на проблемот продолжуваат.
Ова е прва официјална посета на Грција на еден претседател воопшто.
Пендаровски беше пречекан со највисоки државни и воени почести, а пред претседателската палата се интонираше и македонската химна.
Но, посетата не предизвика големо медиумско внимание во Грција, и денеска ја немаше на насловните страници на грчките весници.
Од Атина, Марија Дивитарова