Со предизборен собир во Гостивар, на кој беа претставени кандидатите за градоначалници и општински советници, вечерва Демократската Унија за Интеграција ја започна кампањата за локалните избори. Лидерот на партијата Али Ахмети, порача дека ќе продолжат да работат како и досега за поквалитетен живот.
Ова е почетна конвенција во која го продолжуваме маратонот на успех, кој го трчаме 20 години. Маратон без ниеден пораз и сигурни победи. Многумина ме прашуваат која е тајната на успехот. Не треба многу да се анализира, затоа што успехот бил во вас граѓаните. Нашата тајна е што вие давате се од срце за оваа платформa. Прeд нас има уште работа, во континуитет да ги правиме работите што и досега ги вршевме, реформи во судотството, борба против криминалот и корупцијата. Ќе работиме да го направиме нашето место подобро од вчера, порача Ахмети.
ДУИ на Локалните избори ќе настапи со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. Невзат Бејта е кандидат за градоначалник на Гостивар, во трка за нов мандат се и актуелните градоначалници, Теута Арифи, за Тетово, Рамиз Мерко за Струга, Фатмир Дехари за Кичево, Хекуран Дука за Дебар и Висар Ганиу за Чаир.
Данијела Билбилоска