Свет Топ вести

Би било добро да не се организираат вежби во Црното Море, порачува руската амбасадорка во Бугарија

Русија никогаш не се мешала во избори или во какви било внатрешни работи на Бугарија, изјави за време на посетата на Плевен амбасадорката на Руската Федерација Елеонора Митрофанова. Таа го коментираше протокот на туристи од Русија кон Бугарија, велејќи дека има проблем за организирани туристи кои патуваат преку туристички агенции. Митрофанова додаде дека руската амбасада го истражува ова прашање и рече дека сепак е оптимист.

Бугарија е суверена земја, но според руската амбасадорка, подобро е да не се организираат вежби на НАТО во Црното Море и да не се отвора Црното Море за трети земји. Според Митрофанова, ова било гледна точка на луѓето кои прагматично размислуваат.

Таа беше гостинка на празникот на Плевен, за кој рече дека стана симбол на руско-бугарското пријателство од 1877 година и истакна дека е импресионирана од спомениците подигнати во спомен на убиените во ослободувањето на градот за време на Руско-турската војна.

Амбасадорката на Русија и градоначалникот на Плевен Георг Спартански отворија во Регионалната библиотека „Христо Смирненски“ руски културен центар, кој има богата материјална база што овозможува бесплатно изучување на рускиот јазик. Ова е трет културен институт од отворањето на канцелариите на САД и Германија во градот пред извесно време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе