Свет Топ вести

Жестоки борби на границата меѓу Ираел и Газа, насилства по улиците

Продолжуваат ракетните напади меѓу Ираел и појасот Газа, бројот на жервите надмина 80, а меѓу нив има и жени и деца. Ценатрот на Газа е во унатини, на улиците во израелските градови расте насилството меѓу  Евреите и израелските Арапи. Ова се најтешките судири по 50 дневната војна во 2014-та година која развршпи без разрешница.

Центарот на градот Газа е претворен во урнатина додека непрестано ракети се испалуваат од иарелска страна како одговор на нападите на милитантите. Израелските одбранбени сили соопштија дека се испалени повеќе од 1.100 ракети кон Газа во периодот од три дена.

Во појасот Газа денеска се погребани две момчиња од 11 и 13 години кои вчера беа убиени во изреалскиот воздушен напад во близина нивните домови. Жителите од Газа се подговуваат за нови напади, додека ракетите се испалуваат една по друга.

Израел денеска продолжи во воздушните ракетни напади врз појасот Газа, црн чад се гледа над полициската кадемија на Хамас. Ова е еден од најтешките судири од војната во 2014 година и ги има сите карактеристики на тој разорен 50 – дневен судир, кој немаше никава разрешница.

Министерството за здравство на Газа јави дека се убиени 83 Палестинци, меѓу кои 16 се деца и шест жени. Исламски џихад ја потврди смртта на седум милитанти, додека Хамас призна дека е убиен нивни врховен водач и уште неколку членови. Израел вели дека бројот на жртвите е многу поголем. Во Ираел се убиени вкупно седум луѓе, од кои четворица загинаа во средата. Меѓу нив е едно дете и војник кои загина од противтенковска граната. Милитантите од Газа продолжија со непрекинато бомбардирање на Израел, поради што запре животот во јужните делови на земјата.

Ескалацијата која започна во понеделникот предизвика улични насилства во Ираел меѓу Евреите и израелските Арапи. Толпите беснеат по улиците дивјачки тепајќи луѓе и палејќи автомобили. Во два инциденти, Арапите нападнаа Евреи во Акра, а толпата народ извлекоа Палестинец од неговиот автомобил и го претепаа во Бат Јам.

Повеќе од 370 луѓе се уапсени, а 36 полицајци се повредени, соопшти израелската полиција.

Премиерот Бењамин Нетањаху рече дека ги испраќа воените сили на помош на полицијата во одржувањето на редот во градовите каде има насилството, истакнувајќи дека нападите последните денови претставуваат „анархија“.

Граѓани на Израел, она што се случуваше во израелските градови во последните денови е неприфатливо. Видовме како арапски бунтовници палат синагоги, палат автомобили, напаѓаат полицајци, им нанесуваат штета на мирни и невини цивили. Ова е нешто што не можеме да го прифатиме, ова е анархија. Ништо не го оправдува ова, и ќе ви кажам: ништо не го оправдува линчувањето на Арапите од страна на Евреите и ништо не го оправдува линчувањето на Евреите од страна на Арапите. Ова нема да го толерираме – Бењамин Нетањаху, израелски премиер на Израел.

Судирите започнаа во понеделникот после една недела тензии меѓу Израелците и Палестинците во источен Ерусалим, а кулминираа по судирот на светото место кое го почитуваат и муслиманите и Евреите.

Во атмосфера на омраза и тензии денеска на Курбан Бајрам ијладници Палестинци се собраа во Ал Акса за да го прослават крајот на светиот месец Рамазан. Последните судири и насилства на Средниот исток повторно го разорија Израел. Последните три војни меѓу Израел и милитантните на Хамас беа главно ограничени на сиромашните и блокирани заедници на границата меѓу Газа и Израел.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе