Ковид19 Свет Топ вести

Гутереш повика на двојно зголемување на производството на вакцини

Некои земји низ светот сè уште не добиле ниту една доза вакцина против коронавирусот, додека побогатите земји активно го вакцинираат своето население, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во интервју за руските медиуми пред неговата посета на Москва, која почнува утре.

Многу сум загрижен поради моменталната состојба. Некои земји го вакцинираат своето население многу брзо, но сепак имаме земји кои не примиле ниту една доза од вакцината. Вакциналниот национализам е голема грешка. Генерално, гледаме огромна разлика меѓу вакцинациите во светот во развој и развиениот свет, изјави Гутереш.

Тој потсети на иницијативата Ковакс насочена кон дистрибуција на вакцини во земјите во развој и предупреди дека и недостасуваат околу 22 милијарди долари. Генералниот секретар на ОН и додаде дека сега има проблеми и со снабдувањето поради ограничувања на извозот во различни земји.

Гутереш ги повика производителите на вакцини против коронавирус да ги здружат силите за да го удвојат производството.

За мене е очигледно дека глобалното производство на вакцини треба да се удвои за да ги задоволи сите потреби. И тоа бара соработка. Се надеваме дека сите производители на вакцини ќе можат да се здружат за да создадат глобален план за вакцинација кој ќе ги опфаќа сите луѓе во сите земји, истакна тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе