ЕУ одлучи да не го обнови договорот со производителот на британско –шведската вакцина Астра Зенека. Договорот за испорака на вакцини важи до јуни, но донесена е одлука да не се обнови затоа што се покажало дека другите вакцини се поефикасни во борбата со новите соеви на ковид 19. И францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека блокот во иднина ќе се фокусира за набавка на вакцини од други фармацевтски компании. ЕУ ќе ги искористи залихите од Астра Зенека, но потоа нема да нарачува од оваа вакцина. Производителот на вакцината Астра Зенека сериозно потфрли со испораката на договорените и нарачани дози од ЕУ, што ја успори вакцинацијата во целиот блок. Брисел претходно поднесе и тужба против ова фармацевтска компанија за непочитување на договорот.
Викендов ЕУ го продолжи договорот со Фајзер-Бионтек за набавка на 1,8 милијарди дози до 2023-та година. Најавено е дека оваа вакцина ќе биде поскапа, но нема детали.