Европската комисија ги разгледува законските прописи за тужба против шведско-британската лабораторија АстраЗенека поради потфрлање во планот за испорака на планираните дози вакцини против коронавирусот. Според неименувани извори од ЕУ такви мерки би можеле да бидат покренати пред белгиските судови, меѓутоа се уштѕе нема согласност од сите држави членски на ЕУ. Сепак проиритет на ЕК е да добие гаранција од АстраЗенека за испорака на количините вакцини на кои компанијата се обврза. Во првиот квартал од годината лабораторијата испорачала само 30 милиони дози до договорените 120 милиони, а во вториот квартал се планира ипорака на 70 милиони од планираните 180 милиони.
Во меѓувреме производствените капацитети во ЕУ забрзано работат на испорака на дополнителни 50 милиони дози од вакцината Фајзер/Бионтек. Комесарот задолжен за здравство во ЕК, истакнувајќи ја неопходноста од солидарност и соработка меѓу државите, најави дека веќе се водат преговори за купување на 1,8 милијарди дози за 2022 и 2023 година.
До денеска, ние распоредивме 117 милиони дози на вакцини во ЕУ и сме приближно до три милиони вакцинирани секој ден. Над 30 милиони наши граѓани сега се целосно вакцинирани. Производствени капацитети низ ЕУ работата со засилено темпо, овозможувајќи да се забрза испораката и да има дополнителни 50 милиони дози од Бионтек/Фајзер во текот на следните 10 недели, рече Стела Кириакидес, ЕУ комесар за здравство.
Норвешка која целосно ја запре употребата на вакцината АстраЗенека сега на барање на Шведска и Исланд „ќе им позајми“ 216.000 дози од оваа вакцина. Осло ги чека експертите кои треба на 10-ти мај да се изјаснат за вакцината АстраЗенека и Џонсон и Џонсон.
Според последните информации од Бриселземјите членки на ЕУ се се поблиску до компромис за дигиталните „пасоши“ кои треба да го овозможат слободното движење во Унијата. Дигиталните зелени сертификати, ќе содржат информации за тоа дали лицето е вакцинирано, или дали има прележано Ковид-19, или во трет случај дали има негативен ПЦР тест. Системот би требало да профункционите во јуни, односно од почетокот на летото и туристичката сезона.
Билјана Ставрова