Комисијата за заразни болести утре ќе заседава а на состанокот ќе се разгледуваат бројките и ќе се одлучува за евентуални дополнителни рестриктивни мерки. 129 пациенти ја загубија битката со вирусот минатата недела што е речиси два и пол пати повеќе од неделата претходно покажува извептајот на ИЈЗ. Во истиот период се регистрирани 5.400 новозаболени, од кои половината се во Скопје, што е зголемување од 22отсто. Прележаниот вирус не значи комплента заштита 116 пацинети повторно заболеле а за двајца исходот бил трагичен покажуваат официјалните податоци на здравствените власти. Старосната граница на заболени паѓа- младите се на удар.
Дали ќе има нови рестриктивни мерки, продолжување на траењето на полицискиот час или пак ќе се задржат постоечките ќе одлучува Комисијата за заразни болести која ќе се состане утре. На состанокот ќе се анализираат бројките на новозаболени и хоспитализирани врз основа на што ќе се донесе заклучок дали ќе има нов предлог до Владата или не.
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: „За утре е закажан состанокот на Комисијата за заразни болести. Ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не“
А бројките се немилосрдни. Според официјалниот извештај на Институтот за јавно здравје минатата недела 129 пациенти ја загубиле битката со вирусот што е речиси два и пол пати повеќе од неделата претходно. Минатата недела се регистрирани 5.456 новозаболениво 34 града низ државата што е за 22 отсто споредено со првата недела овој месец. Половина од новите случаи се во Скопје.
Дополнително загрижува што процентот на позитивни тестови останува ист и исклучително висок 23,9% а бројката на оздравени пациенти е намалена речиси за 30 отсто.
Прележувањето на вирусот не дава стоотстотна заштина а тоа го потврдуваат и од ИЈЗ чии податоци покажуваат дека преку стотина пациенти заболеле по втор пат.Најмладиот пациент имал само 6 години. За жал за двајца исходот бил фатален.
Она што загрижува е и што паѓа старосната граница на активните случаи, па сега најголем број на активни случаи се меѓу 30 и 50 годишна возраст.
Според анализата на Институтот за имунобиологија, секој трет граѓанин во земјава има антитела на ковид-19. Испитувањето спроведено врз 1.000 случајни минувачи на шест локации во Скопје изминатите две недели, покажало дека 31 отсто од испитаниците имаат антитела или секој трет граѓанин прележал ковид-19. Во анализата биле земени примероци и од луѓе кои знаеле дека го прележале вирусот, но и од испитаници кои не биле заразени или пак не знаеле дека биле позитивни.
Притисокот врз здравствените капацитети се зголемува од ден во ден, ковидц центрите на скопските клиники повторно се отвараат, последен во низата е нво склоп на Ургентниот центар. Во последното деноноќие само во скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти а во моментов 1.082 пациенти се хоспитализирани во Ковид центрите и на инфективните оддленија во болниците во Скопје и внатрешноста кои располагаат со уште 340 слободни кревети
ОГНЕН ЧАНЧАРЕВИЌ