Штипските епидемиолози повторно на нога и исцпрени. Британскиот сој на корионавирусот забрзано да се шири во регионот, за само пет дена регистрирани се 60 нови случаи, со што бројката на активни сега изнесува над 170.
Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова вели деновиве повторно на пунктот за земање на брисеви имаат над 40 пациенти. Кластерите се големи во семејствата, но почнуваат да се појавуваат и во градинките и училиштата.
Од вчера во изолација се 28 деца од претшколска возраст и две воспитувачки од градинката во населбата Автокоманда. Дел од децата се тестирани, а нивните резултати се негативни. Во моментов потврдени се позитивните резулати и за двајца учители, кои имаат физичка настава.
Вирусот се шири брзо низ семејствата и во колективите, каде што има заразени лица. Бараме граѓаните да ги почитуваат мерките, носење на маски, држење на дистанца и што е најважно да не се групираат и собираат по домовите, бидејќи на тој начин го штитат сопственото здравје, но и здравјето на најблиските кои се во ризичните групи, вели Димитрова.
Во штипскиот Ковид центар почнува да се зголемуива и бројот на пациенти, кои бараат болнички третман. Пополнети се 46 кревети, од кои четворица се во тешка здравствена состојба и се на оддеелот за Анестезиологија. Од вчера почна да расте и црниот ковид биланс. Денеска три лица ја загубија битката со коронавирусот. Двајца пациенти од Кочани на возраст од 51 и 59 и еден пациент од Штип на возраст од 73 години.
Викторија Јованова