Вести Свет Топ вести

Експерти: Неоправдани сомнежите за безбедноста на вакцината Астра Зенека

Холандија е уште една од европските земји кои ја суспендираа привремено вакцинацијата со Астра Зенека, откако јавија за десет инциденти со несакани ефекти по примањето на оваа вакцина. Како мерка на претпазливост Холандија одлучи до 29-ти март да не ја користат Астра Зенека.

Новите речиси 300 илјади дози ќе ги складира. Одлуката доаѓа откако и Ирска вчера најави дека ќе ја стопира употребата на оваа вакцина, по извештаите од Данска и Норвешка за можни појави на згрутчување на крвта и тромбоцитопенија. Дел од научниците во Ирска велат дека сепак е потребна претпазливост.

Мислам дека треба да имаме на ум дека во науката корелацијата не е каузална, ова го темелиме врз извештаи од Скандинавија. Мора повторно да разгледаме, на пример, британските податоци каде милиони дози се дадени и нема зголемување на овие случаи. Сепак, подобро е да сме претпазливи, смета доктори Дејвид Робертс Гримс. 

АстраЗенека соопшти дека спровела проучување на повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани со нејзиниот производ во Европската унија и Велика Британија и не открила никаква врска помеѓу вакцината и таквите здравствени состојби. Утвредено е дека пријавените реакции биле токму онакви какви биле и во клиничките студии.

Проблемот кој се појави со Астра Зенека отвори голема дискусија. Се вклучија, доктори, научници, имунолози. Се постави и прашањето дали Астра Зенека е вакцина од „втора класа“. Сите се согласни дека скептицизмот за вакцината е неоправдан. Секаква вакцина е подобра од никаква, во овие мигови на пандемија, велат експертите. Велика Британија веќе вакцинираше 11 милиони луѓе со Астра Зенека и несакни ефекти имало само кај 22-ца луѓе.

Значи, вакцината не предизвикува згрутчување на крвта. Она што знаеме дека предизвикува згрутчување секако е КОВИД и КОВИД е васкуларна болест што може да предизвика сериозни згрутчувања на крвта низ целото тело. Секогаш ќе има случаи на сериозна болест околу времето на вакцинирање. Но, тоа е многу различно од тоа да се каже дека вакцините ги предизвикуваат овие работи, вели професор Ентони Харден, заменик директор на институт за имунилогија Велика Британија. 

Се огласи и институтот Роберт Кох од каде соопштија дека несакани ефекти се појавиле и кај вакцините Модерна, и Фајзер, но тие се дел од вообичаениот процес на имунизација. Дополнтелно што вакцината на Астра Зенека го намалува ризикот од хоспитализација за дури 94%, за разлика од Фајзер која покажала ефикасност од 86%.

Седум европски држави засега одлучија да ја суспендираат Астра Зенека се додека не се добијат резултати од понатамошните истражувања. Британско –шведскиот прозиводител беше остро критикуван за доцната испорака, но сега токму овој производ ќе стои во магацините.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистанците и Индијците слават по одлуката за примирје

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе