Вештачења на телефони откриваат мрачни факти за осомничените во случајот Јавна соба 2. Највпечатлив е оној во Велешкото обвинителство каде во еден од телефоните се пронајдени видео записи од детска порнографија. Поради ова обвинтелството отвори предмет за кривично дело за злоупотреба на малолетник за да се изрботат аудиовизуелни слики со порнографска содржина.
Член 193 од Кривичен законик: Ако делото е сторено преку компјутерски систем или друго средство за масовна комуникација, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку осум години.
За слично дело постапуваат и други обвинителства низ земјава. Во Битола на вештачење се дадени ЦД и мобилен телефон на осомничен. И во прилеп се одземени два телефони и во тек е изработка на вештачење, додека во Кавадарци велат се постапува но не откриваат детали. Од обвинителството велат дека во зависност од доказите поврзани со овие слуучаи од „Јавна соба 2“, ќе се одреди за какво дело ќе одговараат осомничените. Но обвинителстовто се уште не добило одговор од социјалната мрежа Телеграм за да го дознае точниот идентитет на инволвираните во групата. И покрај барањето испратено до Меѓународниот провајдер податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата ме се стигнати. Во завршна фаза е пак истрагата за случајот Јавна соба 1. Двајца се под истрага за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија и тоа основачот и модераторот на групата при што се соочуваат со казна затвор од најмалку пет години. Повикани се на распит во обвинителството па ќе следи и увид во доказите и поднесување на обвинението.
Јанвно обвинителство на РСМ: Обвинителството ги охрабрува оштетените и жртвите од овој и слични кривично-правни настани да ги пријавуваат во Министерството за внатрешни работи. Воедно, ги поддржува предлозите за дополнување на Кривичниот законик со кривичните дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“ кои во иднина треба да овозможат поефикасен прогон на овие кривични дела.
Инаку случајот Јавна соба 1 беше отркиен во јануари лани по што беше затворена групата на телеграм. Вториот случај пак беше откриен годинава кога исто се појави група на телеграм на која беа споделувани приватни фотографии и видеа од девојчиња и жени.
Билјана Николовска