Денеска на 90 годишна возраст почина академик Георги Старделов, поранешен претседател на МАНУ, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и наука.
Академик Георги Старделов e роден во Гевгелија, 28 август 1930 за со сиот свој труд и дело низ години важи за филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата.
Веста за неговата смрт ја соопштија од Филозофскиот факултет на нивниот официјален Фејсбук.
„Во голема жалост ја споделуваме веста дека денес, на 90 годишна возраст, почина академик Георги Старделов, еден од столбовите на македонската филозофска мисла и науката за убавото.
Академик Георги Старделов e роден во Гевгелија, 28 август 1930, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата. Дипломирал на Филозофскиот факултет, на Катедрата за филозофија на Универзитетот во Белград (1953). Докторирал Филозофија на Универзитетот во Скопје (1965). Професор е на Филозофскиот факултет во Скопје (1966–1995), и негов декан (1975–1977), прв декан на интердисциплинарните студии по новинарство (1977–1981), претседател на Филозофското друштво на Македонија и на Југославија, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и претседател на македонскиот ПЕН центар. Почесен член е на Друштвото на уметници во Шпанската кралска академија и редовен член на Европската академија на науките и уметностите. Професор гостин е на неколку југословенски, европски и американски универзитети.
“Plenus annis abiit, plenus honoribus.”, напишаа од Филозофскиот факултет