Вести Свет Топ вести

Бројот на заболени од корона вирус во светот надмина 90 милиони

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 799.712 нови случаи на коронавирус се потврдени во светот минатиот ден и дека вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата надмина 87,58 милиони.

Според СЗО, повеќе од 15.400 луѓе починале од вирусот во изминатите 24 часа, а вкупно над 1,9 милиони луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Најмногу заразени – повеќе од 55 проценти се во Северна и Јужна Америка, а потоа во Европа и Африка. 

Велика Британија е петта земја во светот со повеќе од три милиони заразени.

Речиси 60.000 нови случаи на Ковид-19 беа пријавени вчера во Велика Британија, со што вкупниот број заразени во земјата достигна над три милиони.  Повеќе од 50.000 нови случаи се регистрирани во Велика Британија дванаесетти ден по ред, вклучително и рекордните 68.000 регистрирани на 8 јануари. Вкупно 80.868 лица починаа од почетокот на пандемијата во Велика Британија.

Вакцинацијата започна на 8 декември, а досега повеќе од 1,5 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе