Македонија Топ вести

ДИК остана без мандат, партиите во трка со свои кандидати

Заврши огласот за нов состав на ДИК. Се очекува во текот на наредната недела Комисијата за избори и именувања да ја утврди предлог листата со кандидати, а официјалниот избор да го направи Собранието.

Партиите деновиве се во интензивни комуникации за изборот на свои членови. Ќе се бира нов претседател, потпретседател и 5 членови. Претседателот ќе биде од редовите на најголемата опозициска партија а како најсериозен кандидат се споменува името на Александар Даштевски кој во 2006 година беше член на комисијата. Потпретседателот ќе биде од редовите на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи уште еден член на комисијата, СДСМ тројца, а едно место во ДИК ќе добијат и Алијансата на Албанците-Алтернатива. Поранешниот претседател на ДИК Александар Новакоски вели дека со ова дефинитивно нашата држава го напушта концептот за професионализација на ДИК.

Загрижува фактот што не се почитуваат ниту препораките на ОБСЕ и ЕУ кои на неколку наврати апелираа за професионализација на највисокиот изборен орган.

Новиот состав на ДИК треба да се избере најдоцна до крајот на месецов. Веднаш по тоа треба да се изберат и нови општински изборни комисии и избирачки одбори затоа што мандатот на досегашните им е истечен,  и да се спроведе едукација на изборната администрација.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе