Вести Македонија Топ вести

За празниците граѓаните во најголем дел не ги прекршувале мерките против Ковид

Епидемилошката состојба е приличо стабилна, и натаму е оној тренд на исклучително мал број пациенти и верувам дека така ќе остане, оцени министерот за здравство Венко Филипче.

Тој, како што изјави денеска по посетата на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, верува дека за време на празниците прекршувањата на мерките не беа чести и многу и дека сме во еден навистина период на стабилна епидемилошка слика во кој добро се менаџира и делот со тестирањата и во делот на хоспитализацијата.

– Епидемилошката ситуација би рекол дека е прилично стабилна. Значајно се намалува бројот и во овие изминати денови на  пациенти на коишто им е потребна хоспитализација, а и понатаму е оној тренд на одржување на оној исклучително мал број хоспитализирани пациенти во сите болници не само во Скопје, туку и ширум државата. Верувам дека ќе остане вака, верувам  овие прекршувања на мерките навистина не беа чести и не беа многу, гледавме по телевизиите и мислам дека сме во еден период на стабилна епидемиолошка слика во која што добро се менаџираат и делот на симптоматски пациенти на коишто им е потребно тестирање. Значајно се олесни и тој дел со тестирање со брзите тестови во сите јавни здравствени установи и во делот на   хоспитализација каде што има сосем доволен број болнички кревети и сосем  доволен број лекари, медицински сестри за третман на пациентите, изјави министерот за здравство одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со прославата на министри од ДУИ, Филипче посочи оти тоа е доказ дека законите важат за сите.

– Мерките важат за сите. Ете и тие колеги излегоа и кажаа дека ќе ги платат казните предивдени со сите мерки и санкиции и што е доказ дека законите важат за сите, истакна Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе