Свет Топ вести

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика демонстрантите да протестираат мирно

Фото Ројтерс

Само неколку минути по пресконференцијата на новиот претседател, Доналд Трамп објави претходно снимено видео обраќање од Белата куќа. Во него Трамп ги повтори тврдењата дека победата на ноемвриските избори му беше украдена.

имавме избори кои ни беа украдени. имавме голема победа и тоа сите го знаат, особено другата страна. Но сега морате да си одите дома! мора да имаме мир, мора да имаме закон и ред, порача трамп во видео обраќањето.

Откако претходно ги разгоре страстите на сопствените подржувачи за време на протестниот митинг во Вашингтон, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп побара од сите демонстранти пред Конгресот да протестираат без насилство.

барам од сите во капитол да останат мирни. без насилство! да не заборавиме, ние сме партијата на законот и редот, почитувајте го законот и нашите одлични мажи и жени во униформа.

Според американските медиуми, во Вашингтон се испратени дополнителни полициски сили од околните окрузи за ставање под контрола на протестите на Капитол Хил. СиЕнЕн објави дека на пат кон Капитол хил е и Националната гарда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе