Вести Свет Топ вести

Потпретседателот на САД Пенс евакуиран на тајна локација, по упадот во Конгресот од симаптизери на Трамп меѓу кои има и викинзи

Американските медиуми јавуваат дека по упадот на приврзаниците на Трамп во американскиот законодавен дом Капитол, потпретседателот на државата Мајк Пенс е евакуиран и префрлен на тајна безбедна локација.

Од таму потпретседателот ги повика демонстрантите да го запрат насилството и да го напуштат Конгресот.

нападот врз нашиот конгрес нема да биде толериран и вмешаните во него ќе бидат гонети со целата сила на законот, предупреди пенс.

Конгресмените ги напуштија сенатските сали каде усепаја да стигнат и оние што ги пробија полициските барикади. Еден од нив според објавените снимки е качен на говорницата и извикува дека Трамп е победник.

Дел од вработените во Конгресот преку социјални мрежи објавуваат видеа и фотографии од внатре, а на едно видео се гледа како демонстранти облечени и опремени како викинзи стојат пред внатрешен полициски кордон.

Во Конгресот е прекинат процесот за потврдување на изборните резултати од ноемвриските избори. Иако Бајден освои 7 милиони гласови повеќе и стигна до потребната натполовична бројка електори (306), Трамп тврди дека тој победил.

Сите негови жалби се одбиени, а Трамп упати порака до потпретседателот Пенс дека тој може да ги смени резултатите бидејќи по функција е претседавач со Горниот дом на Капитол, Сенатот. Пенс ја одби оваа понуда на Трамп и истакна дека тој само церемонијално ја води седницата за да се потврдат гласовите на граѓаните и изборната волја на американскиот народ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе