Ковид19 Македонија Топ вести

Литургија под маски – Бадник поразличен од претходните години

Како што е редот – новиот кум на Бадник донесе погача и се мироса со благословено миризливо масло на влезот во храмот. Годинава, тоа е познатиот микробиолог Никола Пановски. Јавноста го познава и ги слуша неговите совети поврзани со борбата со пандемијата. Денес го виде и во друго светло – со тешкиот ќуп полн со бадникови гранчиња во неговите раце. Го презема кумството и уверливо порача – ваков пандемиски Бадник нема да се повтори, догодина се враќаме на старото и за нас познатото.

А, како изгледаше утринската црковна литургија?! Историски невообичаено. Густите бради прекриени со заштитни маски. Некои би рекле – црквата и науката здружени во борба против Ковид. За црковната традиција и непознатото стана познато – поповите со маски пееја црковни песни за Бадник.

Граѓаните дојдоа и утрово, како и секое утро на Бадник. Можеби не во толку голем број како што доаѓале порано. Но, со истата енергија. Во празникот гледаат надеж, во новата година гледаат поубави работи отколку во старата.

Посебни апели до граѓаните деновиве имаа и властите и повикаа да нема групирање и годинава да се воздржат граѓаните од прослава на празниците како што ги прославувале во претходните години. Во посебното Божиќно обраќање архиепископот Г.Г. Стефан порача дека пандемијата докажа колку човекот е немоќен, но најстрашната пандемија е што луѓето заборавиле да го љубат Бога и другите луѓе.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Пакистанците и Индијците слават по одлуката за примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе