Ковид19 Македонија Топ вести

Намален бројот на прегледи, но не и на хоспитализирани пациенти во Штип

Не е мал бројот на хоспитализирани пациенти во штипскиот Ковид центар. Утринава пристигнаа повторно боци полни со кислород, за пациентите кои се борат за здив. Во моментов на Инфективниот оддел се 48, четворица се во критична состојба и се на Интезивна нега, а двајца се полесни случиа и чекаат да заминат дома.

Началничката на штипското Инфективно одделение, Дијана Шишкова вели дека за среќа намален е бројот на пациентите во дневната амбуланта, но на оние кои се хоспитализирани им се гледаат компликации од болеста.

Здравствените работници се надеваат дека граѓаните ги почитуваат мерките и празниците ги слават сами во своите домови. Штипскиот градоначалник, кој го раководи и кризниот штаб вели дека според информациите од СВР-Штип штипјани синоќа не се организирале за коледарските огнови. Смета дека оваа дисциплина на граѓаните ќе се покаже и наредните недели со опаѓање на бројките.

Персоналот во Ковид центарот и за празниците ја бие битката со коронавирусот, а утринава ги посетија и децата од Бадниковата поворка, со колачиња, овошје и вода, но и испишани околу 250 Божиќни честитки за пациентите, лекарите, медицинските сестри и техничкиот персонал.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе