Вести Македонија Топ вести

Хронично болните и болните од рак се враќаат на работа

Следна одлука на владата да биде хронично болните да се вратат на работните места. По, три недели дискусија во комсиијата предлогот го соопшти министерот за здравство Венко Филипче кој тврди дека бројот на овие лица е голем и стопанстовто и фирмите имаат потреба од нив. ВО одбрана на предлогот Филипче тврди дека на работните места се почитуваат протоколите и мерките и нема да се загрози здравјето на овие граѓани. Од редовните работни обврски нема да бидат поштедени ниту пациентите со малигни заболувања, освен оние за кои ќе гарантира лекар специјалист.

Ако владата послуша, дома ќе останат бремените жени, а породилното отсуство  да се продолжи до нова година. Но, што со оние родителите на деца до 10 години ќе покажат анализите внатре во комисијата и јавно ќе се соопшти наредната седмица. Забавите во кафулињата да прекинат категоричен е Филипче, кој ќе бара од МВР и инспекциските служби поригорозно да се справуваат со органзиаторите, но и со посетителите.

Општата градска болница 8- Септември со само 30 зафатени кревети со тешки последици од боелста ковид- 19 ги минува најлесните 5 недели од почетокот на пандемијата. Очекувањата на директротот Христијан Костов се дека ситуацијата наесен ќе се влоши, а бројот на заболени драстично ќе се зголеми.

По, 6 месеци во среда во градиниките се враќаат предучилиштните деца, а од први наредниот месец учениците до трето одделение. Повиоските паралелки ќе  почекаат прво да се утврди дали короната ќе се шири или не, е ставот на Филипче пред да одлучат здравствените власти да дадат зелено светло и за останаите ученици.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе