Свет Топ вести

Алексеј Навални „отруен“ со чај, лекарите се борат за неговиот живот

44-годишниот непријател на претседателот на Русија Владимир Путин, рускиот опозиционер Алексеј Навални утрово беше „отруен“ во авион и веднаш е хоспитализиран. На Навални му се слошило на летот кон Москва од сибирскиот град Томск, по што авионот итно слетал во Омск и тој е хоспитализиран на интензивна нега. Навални е во бессознание, поставен е на вештачка вентилација. Докторите велат, правиме се за да му го спасиме животот.

-Состојбата на пациентот е стабилна, интензивната терапија е во тек. Правиме десетина тестови за кривната слика, работата на мозокот, другите органи и организмот. Докторите навистина работтат на тоа да го спасат неговиот живот, изјави Анатолиј Калиниченко, заменик главен докрот во болницата во Омск.

Тој утрото не пиел ништо освен чај на аеродромот во Томск, па сомневањата се дека отровот бил ставен во пијалокот.

– Тој пиеше само црн чај во кафетеријата на аеродром. Сметаме дека тој бил отруен и дека тоа било токму со чајот. Ова се должи на предизборната кампања. Не знам кој ја донел одлуката, очигледно властите имаат свои идеи кога ситуацијата е опасна и кога треба да го неутрализираат Алексеј, изјави Кира Јармиш, портпаролка на Навални.

Покрај бројните медиумски екипи и поддрувачи пред болницата во Омск пристигнаа и полициски сили.

Минатата година, Навални беше префрлен во болница од затворот, каде издржуваше казна за недозволени протести, кога, како што рече неговиот тим, имаше сомнежи за труење. Но, лекарите тогаш рекоа дека тој имал сериозен алергиски напад и го испратија следниот ден назад во затворот.

Пред седум месеци руските специјалци упаднаа во канцеларијата на опозицијата како дел од истрагата за перење пари вредни 15 милиони долари, за што критичарите рекоа дека е политички мотивирана. Претресот се случи само неколку дена откако владеачката партија Обединета Русија ги изгуби локалните избори во Москва.

Навални е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин.  Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како „пуч“ и „кршење на уставот“, реформите на Путин му овозможија да добие уште два мандата. Па и белорускиот претседател Алксандар Лукашенко обвинуваше дека луѓето на Навални се инволвирани и во протестите во Минск.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе