Два избирaчки одбори, составени од здравствени работници денеска им овозможуваат на лицата кои се заразени со Ковид 19 и во изолација да го дадат остварат право на глас во штипскиот регион. За гласање се пријавиле 45 лица во Штип, а на ниво на Брегалнички регион бројката е над 60. Рано утринава екипата на Телма беше сведок како се екипираат посебните избирачки одбори. Претседателот на едниот специјалистот Страхил Газепов вели дека и за нив ова е ново, но како професионалци ќе се придржуваат на здравствените протоколи.
Пред да влезат во домовите на граѓаните кои се во изолација или се заразени со коронавирусот се опремуваат со мантил, ракавици, маска, визир и имаат и средство за дезинфекција. Оваа опрема ја менуваат по гласањето на секој гласач.
Газепов вели дека од Општинската изборна комисија барале да добијат список кои од лицата се во самоизолација, а кои се болни од коронавирусот, со цел да направат распоред за гласањето.
Општините од истокот секојдневно се во здарвствените билтени, а инфективното одделение во Штип веќе го исполнува и капацитетот на неврологија, денеска таму се лекуваат 54 пациенти, од кои 10 се на повремена кислородна поддршка.
Викторија Јованова