Избори 2020

ДУИ бара од медиумите да обезбедат фер пристап на тројцата кандидати за премиер

Демократската унија за интеграција го поздравува апелот на Агенцијата за медиуми за обезбедување баланс во посебните информативни емисии.
Агенцијата во своето соопштение ги потсетуваат радиодифузерите дека: во рамките на посебните информативни емисии – дебати, соочувања, интервјуа итн., треба да обезбедат поеднаков пристап и правичност, избалансираност и непристрасност; и воедно Агенцијата потсетува на обврската на
медиумите да ги канат сите учесници на изборите, додавајќи дека е неважно на кој јазик ја емитуваат програмата.
Ова соопштение претставува одговор на писмото кое ДУИ како заинтересирана страна го испрати до Агенцијата за медиуми, соочувајќи се со бојкот на медиумите при организирање на дебатите и јавните соочувања, каде медиумите ги канат кандидатите за премиер на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ,
при што се игнорира првиот кандидат за премиер Албанец, г-нот Насер Зибери.
Во оваа прилика сакаме повторно да ги повикаме медиумите, почитувајќи ја во целост нивната демократска одговорност, на претстојните посебни информативни емисии, дебати или соочувања, да ѝ понудат на својата публика фер соочување меѓу тројцата кандидати за премиер, со што ќе го збогатат демократскиот амбиент и информираноста на јавноста, но и ќе ја збогатат програмата на своите гледачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Дејан Дејан

Митинг на СДСМ во Тетово

Дејан Дејан

Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе