Македонија Топ вести

Алијанса за Aлбанците и Алтернатива одат на избори за да го сменат еднопартинскиот систем во албанскиот блок

Партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива,  кои заедно настапуваат во изборната кампања, како што рекоа, имаат за цел да победат во албанскиот блок и да го сменат, 17 години долгиот еднопартиски систем меѓу Албанците. Во кампањата , која почнува од утре вечер во Тетово, а ќре заврши на 11 јули, со митинг во Скопје, ќе настапат со реална програма што ќе се оствари во следните 4 години.

Програмата , која денеска ја претстави шефот на изборниот штаб на Алијанса за Албанците, Таравари , е базирани на предлози од 2000 граѓани. Таа од утре вечер, во Тетово, до 11 јули во Скопје, ќе биде претставена уште во 5 градови, со доминантно албанско население. Целта е со оваа реална програма што ќе се оствари во следниве 4 години Алијанса за албанците и Алтернатива, кои заедно одат на избори , да се победи еднопартискиот систем во албанскиот блок, кој траеше 17 години. Програмата е базирана на 6 столба, а е насловена „ Држава за сите“.

  • Првиот е рамниоправност за сите, вториот столб е правна држава, третиот е да го задржиме дома човечкиот капитал, да ги задржиме младите да не мигрираат, потоа рамноправен економски и територијален развој, развој на државата и дигитализација и интегрирана држава во регионот, Европа и во светот, рече Таравари.

Алијанса и Алтернатива не се задоволни од третманот на почетокот на кампањата. Сметаат дека имале повеќе пратеници во Собранието во минатото, а сега ги сметаат за мали партии.

Се пожалија и дека не им е доволно времето за претставување во медиумите зашто добиле само 30 до 60 секунти.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Мицкоски: Незадоволни сме од Коцевски, логичен след на настаните е негова смена

Дејан Дејан

Општина Аеродром ги ослободува од комуналии сите млади до 35 години кои имаат план да го градат својот прв дом

Дејан Дејан

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе