Свет Топ вести

Нејасен документ или историски договор, што потпишаа Вучиќ и Хоти

Нејасен документ или историски договор, што потпишаа Вучиќ и Хоти во овалната соба на Трамп. Историски ден за САД, остануваат уште многу разлики за Вучиќ и прв чекор кон конечен договор за Хоти.

Србија потпиша билатерален договор со САД за економска соработка со Приштина, а не трилатерален со САД и со Косово, оваа порака од Вашингтон на српскиот претседател Вучиќ не ја дочека светлината на денот. Специјалниот пратеник на Трамп Ричард Гренел го демантираше, вели САД не се страна во договорот меѓу Србија и Косово.

Додека Вучиќ и Хоти пред своите во Белград и Приштина се обидуваат да ги објаснат економските придобивките на документот на кој ставија ставија потпис, како медиумска бомба одекна сосема другиот дел од договорот, всушност придобивките на САД. Вуќич пред Трамп се обврза да ја премести српската амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Израелскиот премир Бењамин Нетањаху веќе го протолкува тоа како признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Тој е задоволен посебно од тоа што Србија е првата европска држава која се согласила да ја премести својата амбасада и дека продолжува со напорите и останатите европски земји да се убедат и тоа да го направат. Хоти пак се обврза да го признае Израел иако еврејската држава која не го признала Косово. Исто така важен дел од овој договор е што Приштина и Белград се обврзаа на диверзификација на своите енергетски резерви што значи директно отклонување од Русија, потоа да се прекин со купување на опрема за 5Г од непроверени добавувачи, како кинескиот Хуавеј и осуда за шиитската организација Хезболах како терористичка.

Ако само пред еден ден Гренел сакаше да им приреди изненадување на двете страна за меѓусебно признавање, точката 10 која беше избришана од договорот, сега е прашање како ќе реагира официјален Брисел. Дали Србија ќе го промени курсот и својите стратешки партнери Москва и Пекинг ќе ги замени со Вашингтон или ова е скршнување од европскиот пат. Овој прв чекор ќе ги усреќи Европејците, смета Гренел.

Ова е економска нормализација. Ова е прв чекор. Мислам дека Европејците ќе бидат многу среќни, вели Рик Гренел, специјален пратеник за односите Србија и Косово.

Договорот предвидува заеднички инфраструктурни проекти, пристапување на Косово во мини-Шенген. Приштина вети дека нема да бара членство во меѓународни организации следната година, а Белград вети дека нема да лобира за повлекување на независноста на Косово. Премиерката на Србија Брнабиќ за посебно важна ја издвојува ставката за дополнителни гаранции за неповредливост на имотот на СПЦ.

Во основа, ова е еден навистина прагматичен договор за економијата, изградба на инфраструктурата, што значи дека е последна цел да се подигне храброста на политичките лидери сериозно да го сфатат прашањето за за нормализација и меѓусобно признавање, истакна Душан Јањиќ, политички аналитичар.

Двотртетинско мнозинство во приштинскиот парламент за ратификација на договорот, кое го бара опозицијата е невозможно да се обезбеди во овие моменти, вели во изјава за Н1 аналитичарот Ведран Џихиќ од Институт за меѓународни работи во Виeна, бидејќи Приштина е во политичка парализа.

Претседателот Тачи, кој го поздравува договорот е тотално дискредитиран и во голема доза политички нерелеванте, Харадинај веќе испрати една порака со закана, која ја повлече во следниот момент, влеачката коалиција има многу тенко мнозинство во моментот, вели Ведран Џихиќ, Институт за меѓународни работи во Виена.

Американскиот државен секретар Помпео договорот го оцени како придобивка за стабилноста и просперитетот на целиот Западен Балкан. Но, мислењата на граѓаните се поделени.

  • Тоа што го пласираа како да е многу важно, а всушност е потпишано нешто што ништо не претставува. Суштинскиот политички проблем не е решен, вели еден Белграѓанин.
  • Јас се согласувам да се направи тој економнски договор и сигурно дека тоа од економски аспект ќе биде добро и за едната и за другата страна, рече еден граѓанин.

Аналитичарите сметаат дека економскиот не може да го надомести политичкиот договор, а ниту Белград, ниту Пристина немаат доволен демократски легитимитет за да го имплементираат договорот. Според суштината на договорот ова е враќање на нивото во Брисел во 2013 година.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе