Масовната вакцинација во Србија полека го дава својот резултат. Се намалува притисокот врз болниците, но оние кои се внатре се многу помлади луѓе, кои немаат претходни заболувања, а се приклучени на апарати за вештачко дишење. Докторите велат дека не е време за опуштање, бидејќи има индиции и дека се шири и бразилсккиот сој на вирусот.
Според податоците на нашите еминентни епидемиолози најмногу се работи за британскиот сој, кој во нашата земја за првпат е регистриран на 12 јануари, а сега е зема голем замав. Го карактеризира голема преносливост од човек на човек, потешка клиничка слика, побрза хоспитализација, побрзо доаѓање во единиците за интензивно лечење, и за жал и поголема смртност. Има назнака од моите колеги дека и во нашата популација се појавил и бразилскиот сој на вирусот, вели д-р татјана Аџиќ Вукичевиќ.
Секоја нова мутација од вирусот е м,ногу потешка од претходната, што се однесува до клиничката слика на пациентите. Доктор Вукичевиќ апелира да се вакцинираат луѓето, дури и оние кои го надминале ковид. По 4 до 6 недели, вели, ковид прележаните можат да примат вакцина за да ги зголемат антителата. Во болниците во Србија има и пациенти кои се целосно имунизирани, но кај нив клиничката слика е полесна.
Имаме и вакцинирани луѓе кои се вакцинирани со прва па и втора доза од вакцината, кои се сместени во болницата на лечење, имаат и воспаление да двете белодробни крила, но во 99% тие сите се опоравуваат и се враќаат дома. За жал еден мал број заврши и смртно, вели вукичевиќ.
Ова значи дека и покрај вакцинацијата луѓето не треба да се собираат или да не ги почитуваат мерките, треба да продолжат со носењето маски и заштита од вирусот.
Бразилската мутација на коронавирусот станува закана за целиот свет. Најмногу поради тоа што од него се детектирани уште 92 нови соеви.
Светот во моментов е во критична состојба со пандемијата, бидејќи некои од земјите ги ублажуваат мерките , иако бројот на новите случаи се зголемува, велат до СЗО. Ова не е ситуација која ја очекуваваме по 16 месеци борба, но сега мора да се направи проценка и реално да се размисли што треба да се прави, предупредуваат од СЗО.
Алиса Шутиноска