Вести Македонија Топ вести

Уставен ја одложи подготвителната седница за Законот за јазици откако остана без судијката Дуковска

Се одлага подготвителната седница за Закониот за јазици која требаше да се одржи за еден месец. Ова го одлучија уставните судуии на денешниот работрен состанок откако ја примиле пресудата на Управен со која е поништен изборот на нивната колешка Елизабета Дуковска која е известител токму за овој предмет.

Дополнителна причина за одлагањето според Судот е нивниот заклучок за Законот за јазиците да постапуваат во полн состав.

Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. Таквиот правен преседан несомнено создава правни импликации во постапувањето на Уставниот суд во согласност со неговите надлежности, велат од судот.

Уставен нема да ги преотвора постaпките во кои таа била известител или гласала. Уставните судии не ја коментираат одлуката на Управниот суд.

Во врска со правните импликации по Пресудата на Управниот суд, укажуваме дека согласно со член 112 став 2 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, Уставниот суд нема по службена должност да ги преиспитува одлуките во чие носење учествувал судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со Пресудата на Управниот суд, велат од уставен.

По две години откако стана уставна судијка Елизабета Дуковска си заминува од Уставен откако Управниот суд го поништи нејзиниот избор во Собранието. Тужба пред Уставен поднесе Антонета Димовска која сега е член на Судски, а тогаш како судијка беше меѓу трите кандидатки за уставен судија што ги предложија членови на судски.

Прво се гласаше за Дуковска која доби потребно мнозинство  (11 гласа „за“ и 2 „против“) по што за Димовска и судијката Татјана Сусулеска воопшто не се гласаше.

Управен пресуди дека е незакоска и спротивна на Уставот постапката пред Судскиот совет кој на Собранието му предложи да ја избере Елизабета Дуковска без да гласа и за другите две предложени судијки.

Членовите на судски немале можност за детална анализа за тројцата кандидати дали ги исполнууваат трите законските услови од членот 98 од Законот за Судски совет – да има најмалку 15 години судиски стаж, претходно утврдена оцена за резултати во работата и придонес за развојот на стручната и теоретската мисла и на правниот систем.

Судот наоѓа дека со ваквиот начин на гласање на членовите на Советот, односно со не гласање по останатите два предлози  оневозможена е еднаква примена на правилата на постапката за сите  кандидати, со оглед дека само еден кандидат добил можност за реална  подршка преку гласање, а на другите два кандидати им е ускратена можност да имаат ист третман и еднакви можности при изборот иако  претходно сите три кандидати биле подржани од членовите на Советот, што влијае врз законитоста и транспарентноста на постапката со оглед дека предлог избор не е донесен врз основа на целосно разгледување и гласање, се вели во рпесудата на управен.

Додека последите две години Дуковска гласаше и беше известител во повеќе предмети во Уставниот суд – тужбата против неа талкаше на релација Управен – Виш – Управен суд и назад. Два пати управен ја отфрла тужбата на Димовска, Виш Управен суд ги укинува решенијата и го враќа предметот назад. Последниот трет пат за помалку од еден месец  Управен одлучува мериотроно и го поништува изборот на Дуковска. Оваа одлука е без право на жалба.

Во октомври 2023 Антонета Димовска која сега е член на Судски, а тогаш како судијка беше меѓу трите кандидатки за уставен судија што ги предложија членови на судски, поднесе тужба. Управен ја отфрли како ненавремена еден месец подоцна на 08.11.2023.

Димовска се жали на Виш управен кој го укинува решението на Управен на 28.02.2024. По ова Димовска ја уредува тужбата, но Управен повторно ја отфрла на 23.09.2024.

Таа повторно се жали пред повисокиот суд кој на 08.април годинава кој го укинува решението на Управерн и го враќа на повторно постпаување.

Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, вели министерот за правда без да ја коментира одлуката.

Судски совет треба да прелдожи нов кандидат со тоа што ке ги почитува забелешките од пресудата на Управен.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе