Вести Свет

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на неговата земја во војната на Русија против Украина е оправдано и истакна дека Пјонгјанг ги искористил своите суверени права за заштита на „братскиот народ”.

-Нашето учество во конфликтот беше оправдано и тоа е суверено право на нашата република, рече Ким. – Сметам дека храбрите војници кои учествуваа во операцијата во Курската област се херои и олицетворение на народната чест, додаде тој.

Севернокорејскиот лидер, исто така, нагласи дека нема да се двоуми да дозволи употреба на воена сила доколку САД продолжат со „воените провокации” против Русија.

Пјонгјанг официјално потврди дури кон крајот на април дека испратил над 10.000 војници и оружје во Русија. Воената соработка меѓу двете земји значително се зголеми по потпишувањето на Договорот за сеопфатно стратешко партнерство меѓу Ким и рускиот претседател Владимир Путин минатата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе