Вести Македонија Топ вести

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Mајката Невена Спасеска го опструира предавањето на нејзиниот четиригодишен син на таткото, откако тој со правосилна и извршна пресуда на охридскиот суд го доби старателството. Ова во разговор за Телма го изјави Мери Младеновска, адвокатка на таткото Спасе Спасески, кој според неа, не си го видел детето и тоа е во изолација од февруари, не оди во градинка и нема контакт ниту со други деца, само со мајката и нејзини блиски лица.

„Детето воопшто нема контакт со таткото. Мајката го спречува гледањето на детето со таткото. Дури во  Центарот за социјални работи во Скопје не знаат каде е детото, заради тоа што мајката исклучува на телефон, не е достапна, не одговара на мејлови, не отвора врата кога центарот за социјални рбаоти треба да направи увид за опсервација заедно во соработка со центарот за социјални во Охрид и на тој начин ја попречува правдата“, вели Младеновска.

Аница Цветановска, адвокатка на мајката, за Телма вчера изјави дека тенденцијата на центарот во Скопје е да ѝ биде одземено детето на мајката и таа да остане без решение кога и како ќе го гледа. Центарот за социјални работи во Скопје, според Младеновска, поднел кривична пријава за мајката бидејќи го попречила правото на таткото и може да ѝ го одземе детото. Процедурата, како што објаснува Младеновска, е најпрвин предавање на детето, па потоа центарот во Охрид од каде е таткото ќе изготви решение за видување на мајката со детето.

„Јас се надевам дека судот ќе ја спроведе таа постапка. По потреба ќе побара асистенција од полицијата и верувам дека доколку постои потреба за асистенција, МВР ќе ги преземе сите законски мерки за спроведување на ова извршување. Она што беше интенција на таткото во текот на целото траење на постапка во суд од ноември 2022 година, до денес е да го заштити детето, да го заштити неговиот личен интегритет, да го заштити семејството и поради многу причини поради кои можеше да се обрати и во јавноста, тој се воздржа. Напротив, ги користевме сите правни инструменти што нѝ беа дозволени за да може да дојдеме до оваа пресуда која што ја имаме сега“, вели Младеновска.

Телма претходно објави дека охридскиот бизнисмен го добил старателството врз својот четиригодишен син, иако претходно судот му изрекол мерки, бидејќи вршел психичко семејно насилство врз својата жена. Тој и лажно пријавил дека неговото дете било физички и психички малтретирано од неговата мајка и баба.

Во образложението на пресудите нема објаснување зошто мајката е неподобна да добие старателство, туку само се објаснуваат квалитетите на таткото. Младеновска не се согласува дека судската пракса е детето да се доделува на мајката, бидејќи имало случаи кога таткото е тој што го добива старателството. Мајката сега се жали на Врховен суд.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе