Вести Македонија Топ вести

Почнува судењето за сообраќајката во која беше прегазена Кулакова

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Според обвинението, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала прописно. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди на кои им подлегна.

За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, обвинет дека дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе