Со воена парад на Црвениот плоштад, по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, Москва денеска го одбележува Денот на победата. Парадата годинава е во фокусот на јавноста особено поради политичките и безбедносните контексти во кои се одржува.
На Црвениот плоштад учество ќе земат и странски лидери и делегации од 29 земји вклучувајќи го кинескиот претседател Си џинпинг, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, и други лидери од Африка, Азија и постсоветскиот простор.
Парадата вклучува воени формации, тенкови и авијација, како и учество на војници од земји кои се сметаат за „пријатели“ на Русија, вклучувајќи ги и Северна Кореја, која по прв пат учествува во ваков настан.
Годинашната парада се одржува во контекст на продолжениот конфликт во Украина. Русија објави еднострано 72-часовна примирје, но Украина обвини дека Русија го прекршила примирјето со повеќе од 700 напади, вклучувајќи воздушни удари и артилерија.
Пред денешниот настан во Москва беа преземени засилени безбедносни мерки особено поради стравувањата од можни напади со беспилотни летала, а аеродромите во руската метропола привремено се затворени.