Лидерот на СДСМ, Венко Филипче не ја исклучува можноста за коалиција со ДУИ и со Арбен Таравари на претстојните локални избори.
- „Ќе разговараме со сите политички партии, меѓутоа принципите на коалиција значат дека коалиционите партнери прво треба да се почитуваат, понатаму да се целосно согласни околу програмите кои ќе ги ветиме на граѓаните, односно да ги имплементираме научените лекции од претходните коалиции кои на некој начин го оштетија имиџот на СДСМ“, изјави Филипче.
Додаде дека неговата партија е „апсолутно подготвена за каков и да е изборен циклус во претстојниот период“, доколку има и предвремени парламентарни избори.
Според него прашање на време е кога целата владина коалиција ќе се распадне, бидејќи очигледно ништо суштински не ги врзува политичките партии во таа коалиција.
- „Таква коалиција којашто не се темели на никакви вредности и нема никаква идеја и визија како да ја води државата напред, а за тоа сведочиме секој ден, осудена е само на една работа, а тоа е неуспех“, изјави Филипче.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.