Вести Македонија Топ вести

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски очекува првата линија на „Градскиот воз” на релација Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече вечерва, за голема инвестиција од 50-тина милиони евра за сите три предвидени градски линии.

„Вчера на владина седница ја разгледавме реализацијата на пректот „градски воз“. Заврши физибилити студијата за целиот прстен. Потребни се околу 50 милиони евра. Дел од тие средства се веќе обезбедени во годинашниот Буџет и ЈП железници инфраструктура за максимум еден месец ќе објави тендер за изградба и рехабилитација на најголемиот дел од инфраструктурата што ќе се користи – линијата од Зелениково преку населбата Драчево ја поставува границата меѓу населбите Аеродром и Кисела Вода и завршува на Новата железничка станица. Очекуваме до крајот на годината да е готова и првите линии на градскиот воз да бидат во функција пред Нова година на линијата Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар, но паралелно ќе ги развиваме и другите два прстена“, информира Николоски.

На барање на Град Скопје и останатите општини, додаде Николоски, во финална фаза е и подготовката на тендер за набавка на нови еколошки електрични авотбуси, вкупно 120 од кои 80 ќе бидат за Скопје.

„Кога ќе ги споите градскиот воз и новите модерни автобуси, јавниот превоз ќе биде на многу попристојно ниво од ова што е сега и очекувам резултатите да бидат до крајот на оваа и почетокот на следната година“, нагласи Николоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрагата за директорот на АНБ, Бојан Христовски- пред крај, вели Коцевски кој вчера се „дружеше тет-а-тет“ со првиот човек на националната безбедност  

Дејан Дејан

Идната недела нова средба Мицкоски – Таравари?!

Дејан Дејан

Откако ѝ беше одземен синот, мајката Спасеска нема добиено решение кога и како ќе го гледа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе