Обработливото земјоделско земјиште во Струмичко со децении се намалува од непланско користење и пренамена, велат земјоделцките здруженија. Наместо поттикнување да се засади секоја квалитетна површина со земјоделски култури, големи површини се пренаменуваат за изградба на индустриски објекти и фотоволтаици. Ваквиот тренд е присутен одамна, но ексалира последните години кога стотици хектари обработливо земјиште се најдоа под соларни панели.
Прашањето за несоодветното користење на земјоделското земјиште се наметнува последните години откако цените на змејоделските производи почнаа да раснат, а кај земјоделците се јавува надеж дека оваа гранка може да заживее и да обезбедува достоинствен живот. Велков смета дека доколку продолжи ваквиот тренд има простор да се заинтересираат и младите за аграрот. Во моментов тие се реткост на струмичките ниви.
Според проценките на земјоделските експерти, речиси третина од земјоделската површина во Струмичко не се сади псоледните десетин години.
Сузана Мицева