Вести Македонија

Почнаа уписите на првачињата во основните училишта во земјава

Почнаа уписите на првачињата во основните училишта во земјава, а на сила стапија и измените во Законот за основно образование за родителите строго да ја почитуваат реонизацијата. Ако до лани се чекаше до последен момент, односно во септември сега училиштата не можат да прават отстапки при уписот на првачињата, туку во саканото училиште може да се запишат само доколку детето има посебни образовни потреби или во реонското нема настава по мајчин јазик.

Родителите кои не сакаат нивните деца да се запишат во училиштето, кое е во нивниот реон изминатите години вршеа и промени  на местото на живеалиштето. Реонизацијата на училиштата направи проблем со сегрегацијата на Роми во едно од основните училишта во Штип. Години наназад поради се помалиот број на ученици од македонска националност  се формираа чисти ромски паралелки, а дали ќе се повтори проблемот ќе се знае по завршувањето на првиот уписен рок.

„Ќе имаат родителите доволно време  од еден месец да ги поднесат документите и веќе кон крајот на месец мај, ќе имаме некој првични резултати и бројки на запишани ученици во основните училшта“ вели Снежана Санева од Општина Штип.

Европскиот суд за човекови права,  во Стразбур пред три години пресуди дека во штипско и  битолско училиште е извршено дискриминација на Ромите, со тоа што се формирани чисти ромски паралелки. Постапката за докажување на сегрегација ја покренаа околу триестина семејства,  државата  им исплати оштета од околу 46.000. И годинава бројките на ученици во прво одделение не се оптимистички. Наталитетот паѓа, поради иселувањето, а годинава според податоците во Штип треба да се запишат 460 првачиња.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Гласот на Америка“ се враќа по известувањето на министерството за правда

Дејан Дејан

Уапсено лице на граница под сомнение дека си ја усмртил сопругата

Дејан Дејан

Општината Гази Баба добива 9 милиони евра од Владата – најголем дел е предвидено за изградба на улици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе