Вести Свет

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Jеол обвинет и за злоупотреба на службена должност

Јужнокорејското обвинителство  денеска објави дека поранешниот претседател Јун Сук-јеол е обвинет за злоупотреба на службена должност, што е најново обвинение против него, откако кој веќе се соочи со судење за обид за државен удар поради неговиот неуспешен обид за воведување воена состојба.

Специјалниот истражен тим што се занимава со случајот соопшти дека Јун е обвинет без физичко апсење за злоупотреба на службена должност и попречување на правдата, јави агенцијата Јонхап.

Претходно во јануари, обвинителите покренаа обвинение против Јун за наводен заговор со поранешниот министер за одбрана Ким Џонг-хјун и други за поттикнување на бунтот на 3 декември, прогласувајќи ја воената состојба за неуставна и нелегална, и покрај тоа што немало никави показатели за евентуална војна, вооружен конфликт или слична национална криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски задоволен од склучениот договор за минерали со САД

Дејан Дејан

Според ИНСТАТ на аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се  2 милиони патници

Дејан Дејан

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе