Вести Свет Топ вести

„Револуција на здравиот разум“ – нарекувајќи ги историски, Трамп ги прослави 100-те дена власт

„Револуција на здравиот разум“, нарекувајќи ги историски американскиот претседател Доналд Трамп ги прослави 100-те дена власт и најави уште промени во неговиот претседателски мандат.

„Ова се најдобрите велат 100 дена од почеток на кој било претседател во историјата. И сите го велат тоа. И само што започнавме. Се уште не сте виделе ништо, се започнува да има придонес“ изјави Доналд Трамп, американски претседател.

Откако администрацијата на Трамп започна со работа освен на внатрешен план, промените се почувствуваа и низ целиот свет. Воведувањето на царините од страна на САД освен што ја разниша домашна, ја доведе во прашање и светската економија.

„Веќе гордо воведов царина од 25% на сите странски автомобили. На секој странски автомобил, како што ни прават нам. Ова ќе создаде повеќе работни места во оваа држава и оваа земја. И за да им помогнам на овие производители на автомобили да ги вратат своите фабрики дома што е можно побрзо, штотуку потпишав извршна наредба за давање делумни царински рабати на секоја компанија што ги склопува своите автомобили токму тука во САД“, посочи Трамп.

Сепак многу домашните производители го мислат спротивното за царинските стапки кои според нив би можеле само да ги зголемат цените, и да ја намалат продажбата, што ќе предизвика помала конкурентност на американското производство во светот.

Трамп истакна дека „ја вратил слободата на говор во Америка“ и дека ставил крај на инфлацијата. Според анкетите на „Галуп“ Трамп е единствениот претседател по Втората светска војна кој има помалку од половина од поддршката на јавноста по 100 дена на претседателската функцијата, со рејтинг од 44 отсто.

За 100 дена Трамп потпиша одредби за имиграција и депортации, направи огромни промени во образовната политикa со затворање на министерството за образование и УСАИД. Додека на надворешен план направи драматични промени во својот пристап кон Украина и Русија, вклучително и запирање на вооружената поддршка за Украина со цел да стави крај на војната. Неговата администрацијата доби бројни критики за нетранспарентност и лошо управување.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан тестираше балистичка ракета во услови на тензии со Индија

Дејан Дејан

(ФОТО) Една жена загина во Солун откатко бомба експлодирала во нејзините раце

Дејан Дејан

Денес е Светскиот ден на слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе