Вести Свет Топ вести

Испративме војници во Русија во војната против Украина – прва потврда од Северна Кореја

Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап.

Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун.

Ова е прва официјална потврда на присуството на севернокорејски војници во Русија, неколку месеци откако илјадници нивни војници беа распоредени во Курската област за борбени дејства.

„Операциите за ослободување на Курската област за одбивање на авантуристичкиот упад на украинските власти во Руската Федерација завршија успешно“, соопшти КЦТА, додавајќи дека припадниците на вооружените сили учествувале во операциите по наредба на Ким Џонг-ун.

Во изминатите недели украинските сили се повлекуваа во овој регион, додека руската армија полека напредуваше.

Украинските сили претходно имаа заземено неколку стотици квадратни километри на руска територија, вклучувајќи и клучна пумпна станица за транспорт на руски гас кон Европа.

Украинските лидери ја оправдаа оваа офанзива со цел да добијат подобра преговарачка позиција. Наскоро потоа, претседателот Володимир Зеленски предложи територијална размена, која Москва веднаш ја одби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судскиот совет  ја прифати претставката на дописничката на Телма од Битола откако судијка не дозволи влез на новинари на рочиште за бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Дејан Дејан

Разговорите за мир меѓу Украина и Русија во „критична фаза“

Дејан Дејан

Георгиев: Одговорноста во случајот со Димитровска е индивидуална, но дефинитивно влијае врз работата на ДКСК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе