Министерството за здравство планира да набави 100 амбулантни возила, кои ќе се распределат низ болниците во Македонија, најмногу онаму каде што има најголема потреба.
Министерот Арбен Таравари најави дека процедурата ќе започне наскоро, откако ќе помине на Влада. Ова е прва набавка од Министерството по 2014 година, а досега возила се набавувале преку донации или одделни болници.
Дополнително, се работи и на решавање на недостатокот на кадар – 1.800 нови вработувања се планирани во здравствениот систем.