Партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски најавува соработка со владиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, на претстојните локални избори. Од партијата информираат дека формирале преговарачки тим кој веќе ги започнал разговорите за взаемна поддршка на кандидатите за градоначалници.
Во однос на советничките листи, во ЗНАМ засега преовладува ставот да одат самостојно. Партиското раководство донело одлука и за втор изборен конгрес на партијата во јуни, на којшто ќе се бира претседател и членови на партиските органи, со мандат од четири години.