Вести Македонија

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Полицијата извести дека ден пред Велигден уапсила тројца возачи поради прекршување на правилата за што се осомничени за „безобѕирно управување со моторно возило“.

47-годишен жител на Крива Паланка на магистралниот пат кај село Гиновце, на делница каде максимална дозволена брзина е 70 km/h, со своето бмв ја дуплирал брзината и возел 142 km/h.  Тоа го сторил околу 11:30 часот, во сабота, среде ден кога е приведен.

Шофер од струшкото село Ливада, истиот ден околу пладне е фатен како со фолксваген престигнува цела колона возила на патот Гостивар Кичево, кај каменоломот. За среќа 59-годишниот возач не повредил никого, но полицијата го уапсила.

Третиот возач кој е осомничен за член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ е 25-годишен возач од Росоман, кој на 20.04.2025 во 02 часот, во Кавадарци возел пијан, излетал од коловозот и удрил во бандера. Му измериле дека има 1,59 промили алкохол во крвта.

Два и пол часа подоцна, во блиина на селото Курија кај Неготино е уапсен 28-годишен жител на Неготино, кој украл кола и пијан возел по патот кога излетал. Полицијата го уапсила и му подготвува повеќе пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе