Вести Македонија

Новиот апарат претежок, пациентите препраќани – затворена салата на Кардиохирургија

Нема операции во ангиографската сала на Државна клиника за Кардиохирургија бидејќи новиот апарат е претежок за подната конструкција. Министерот Таравари призна дека прво се купил апаратот, а потоа се проверувала конструкцијата. Објасни дека додека да се отвори салата пациентите ќе се препраќаат во приватните болници.

  • „Секогаш кога ние набавуваме апарати бараме клиниките да ни кажат што бараат. Тие одлучиле да набават апарат кој е и компјутерска томографија и ангиограф и вистина е дека побарале да се постави на шини за да биде посигурен и со тоа подобро сме со осигурале за да не биде за 2 или 3 тони колку што тежи. Тоа е направено и апаратот веќе е инсталиран“ изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Министерот Таравари кажа дека е формирана стручна комисија за испитување на стручноста на лекарите по смртта на 57-годишниот Тони Ангелковски, кој почина чекајќи низ болничките ходници. Објасни дека ако била направена обдукција ќе се знаело што точно се случило бидејќи пациентот имал и други здравствени проблеми. Семејството обвини за лекарска негрижа и бара одговорност.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување вели дека договорите со приватните клиники се активни и тие операции се покриени. Семејството на починатиот пациент пак, тврди дека приватна клиника побарала пари за операција.

  • „Двете приватни клиники на почетокот на годината склучија нови договори со Фондот за 2025 година и тие не можат сега во Април да бидат потрошени. Ако воопшто има таков одговор од кој било тоа не е точно“, објасни Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека нема пропусти во документите за пациентот, но утврди дека едната сала не работела и немало стентови и препорача стручен надзор за проверка на лекувањето на пациентот. Министерот најави дека доколку има пропусти во лекувањето ќе има и одговорност. Опозициската СДСМ побара оставка од министерот Таравари обвинувајќи дека ова е хумана катастрофа.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе