Вести Македонија

Државните институции најчести дискриминатори- утврди КСЗД

Наместо државните институции да ги штитат граѓаните, тие најчесто ги дискриминирале. Ова го утврдила Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во извештајот за претходната година. Покажува и дека најголем број поплаки пристигнале како резултат на национална или етничка припадност.

„Речиси 80% од утврдените дискриминатори се државни институции, органи на управа, општини или претпријатија кои вршат јавно овластување што значи дека од една страна граѓаните најчесто се охрабрени да пријават дискриминација кога таа се случува во јавниот сектор, од друга страна имаме голем број на државни институции кои што се јавуваат како дискриминатори“, вели Игор Јадровски член на КСЗД.

Дискриминацијата не треба да се дозволува, а кога ќе се појави треба да се санкционира, смета претседателката на државата. Иако во собранието е формирана Анкетна комисија за заштита на слободата и правата, Силјановска – Давкова вели во претходниот состав таа не функционирала. Претседател на Собранието во претходниот состав беше Талат Џафери, а на чело на Комисијата беше пратеникот Халил Снопче од крилото на Таравари во Алијанса за Албанците.

„Таа беше најнеактивната комисија на претходниот состав во кој што јас бев. Зошто? Затоа што беше поради претседателот во Собранието. Наместо да биде тој најиницијативниот тој оневозможуваше оваа комисија да функционира“, вели Гордана Силјановска Давкова претседателка на РСМ .

Дискриминатор бил и омбудсманот кој не ја почитувал правичната застапеност, вели Лимко Бејзароски, претседател на комисијата. Не кажа која етничка заедница била дискриминирана.

„Во континуитет подолго време немала подолго време застапеност од таа етничка заедница. Тој орган согласно уставот има уставна надлежност да ја следи еднаквоста. Дури има и тело во самиот орган кој е должен да ја следи еднаквоста. Така да тој пропуст од страна на народниот правобранител ние го утврдивме, го анализиравме, истражувавме и утврдивме дискриминаторско постапување, индиректно“, вели Лимко Бејзароски претседател на КСЗД.

Лани во комисијата за спречување и заштита од дискриминација пристигнале  405 претставки, а најголем број од нив биле лично поднесени. Според етничка припадност, најголем број поплаки имало од Македонци, по нив се Албанците, а следат и други националности. По однос на пол, и мажите и жените подеднакво пријавувале некаков вид на проблем.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе