Вести Македонија Топ вести

Кос: Не може да се гарантира дека по уставните измени ќе нема пречки

Никој не може да ѝ даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција.

Таа нагласи дека ова не значи дека Европската комисија не работи на тоа да ѝ помогне на земјава да ги започне преговорите по кластери, потенцирајќи дека лично е ангажирана околу билатералното прашање со Бугарија и дека денеска заминува за Софија на средби со сите бугарски политичари, а потоа ќе контактира и со политичарите во земјава.

Во однос на спроведувањето на Планот за раст на Европската комисија за Западниот Балкан вели земјава е шампион. Таа откри дека Македонија прва ги добила средствата за предфинансирање од вкупно 715 милиони евра, од кои 52 милиони се веќе пуштени – дел директно во државниот буџет, дел преку Инструментот за реформи и раст.

„Не треба да се грижите за Македонија. Таа навистина е на добар пат“, порача еврокомесарфката за проширување.

Кос нагласи дека средствата, една третина грантови – две третини заеми, се насочени кон реформи во владеење на правото, деловна клима, дигитализација, транспорт, енергија и развој на вештини.

Идните исплати ќе зависат од реализацијата на реформите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе