Вести Свет Топ вести

Договорот меѓу Киев и Вашингтон за ретките метали е можен уште оваа недела, најавува Бесент

Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека Вашингтон и Киев веќе оваа недела би можеле да потпишат договор за ретки метали.

Многу сме блиску до потпис. Можеби и оваа недела, изјави Бесент во интервју за Блумберг.

Бесент рече дека Украина дала контра-предлог на договорот и дека преговорите се уште се во тек.

Консултациите за договорот почнаа минатата недела.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха претходно изјави дека Украина веќе го формулирала својот став за договорот со САД и дека целта е да се постигне договор од заемна корист.

Бесент претходно истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да го искористи договорот со Украина како алатка за ангажирање на Русија во преговорите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе