Вести Македонија

Коцевски: Јавното обвинителство ќе докаже дека се работи за евентуална умисла

Јавното обвинителство ќе докаже дека се работи за евентуална умисла, а тоа значи дека тој бил свесен дека со неговото сторување или несторување може да настапи штетна последица, но се согласил со неговото постапување, рече државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

  • „Што значи дека секое непреземање на одредено дејствие, односно народски кажано, секој кој што не постапил согласно законот, односно пропуштил одредени дејствија има одговорност. Таа одговорност е верижна, затоа што тука се вклучени повеќе институции. Тука е вклучен Државниот пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Општината како локална самоуправа и министерството за економија“, посочи Коцевски.

Министерството за економија е последно во низата, рече Коцевски, со начинот на издавање на лиценци.

„Сите оние претходно, за да се прибави, треба документација во однос на исполнување на услови за отворање на кабаре“, рече Коцевски.

Топ Тема е се уште во тек може да следите емисијата на линкот долу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алијансата и Таравари одлучија со свои листи да одат на локални избори, но да останат во “Вреди”

Дејан Дејан

Трамп: Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување

Дејан Дејан

(видео)Централното претседателство на крилото на Арбен Таравари од АА- без конкретен одговор дали е можно и евентуално напуштање на Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе