Јужниот дел на Калифорнија – во близина на Лос Анџелес и границата со Мексико кај Тихуана – беше погоден од земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националниот центар за информации за земјотреси при Геолошката служба на САД.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 10 километри – што го прави релативно плиток, а со тоа и да се почувствува на поширока територија. Земјотресот бил регистриран во сеизмички многу активно подрачје, на границата меѓу Пацифичката и Северноамериканската тектонска плоча.
Според првичните информации, потресот бил почувствуван во голем број градови: Лос Анџелес, Сан Диего, Тихуана, Мексикали, Морено Вали и Индио, а почувствуван е и во делови од Аризона. Во ова пошироко подрачје живеат околу 32 милиони луѓе. Досега нема информации за посериозни материјални штети или повредени лица.