Вести Македонија

Законот за употребата на македонскиот јазик – лет во место

Законот за употреба на македонскиот јазик се уште низ лавиринтите на бирократските процеси за конечно да почне да се применува. Според министерот Љутков во моментов е потребно усогласување на два закона.

Година и половина по донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик и неодамнешното назначување на Менче Андреева за директор на Инспекторатот за македонски јазик функционирањето на овој закон се уште  е „лет во место“. Според министерот Љутков во моментов се работи на усогласување на два закона. Директорката на Инспекторатот е избрана според Законот кој што го имаме за македонски јазик, потенцира Љутков.

„Но според законот кој што е донесен 2024 та година во декември Закон за организација и работа на органите на државната управа Инспекторатот треба да биде како орган во состав на Министерството за култура и туризам од тие причини после изборот на директорката пративме до Централен регистер барање за формирање на институцијата и го чекаме одговорот. По добивање на тој одговор ќе пристапиме кон комплетно формирање на институцијата и усогласување на овие два закони, затоа што прво е донесен Законот за македонски јазик, а потоа ЗОРОДУ“ изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Во меѓувреме ниту во Владата има лектор, ниту во повеќето државни институции. Во Законот за употреба на македонскиот јазик е предвидено стипендирање на студенти по македонистика во сите три циклуси, вработувања и ангажирања на лектори, во сите државни и јавни установи и институции, Владата, Собранието и министерствата, во медиумите, па сè до локалната власт, во универзитетите и научните институции, во основните и средните училишта.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

Дејан Дејан

Интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред пратениците

Дејан Дејан

Интерните клиники во Скопје функционираат со само еден лифт- утре „Мајка Тереза“ ќе остане и без вода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе