Вести Свет Топ вести

Арборелиус: Не чека долга конклава за избор на нов папа

Шведскиот кардинал Андерс Арборелиус изјави дека очекува конклавата за избор на нов папа да биде долга бидејќи кардиналите прво треба да се запознаат.

Зборувајќи со новинарите пред Синодската сала во Ватикан, каде што кардиналите се состанаа претходно за да го одредат датумот на почеток на конклавата, 75-годишниот епископ од Стокхолм, информираше и дека тоа ќе биде негова прва конклава.

Католичките кардинали го одредија 7 мај како датум за почеток на конклавата за избор на наследник на папата Франциск, одложувајќи го тајното гласање за два дена за да можат подобро да се запознаат и да најдат консензус за кандидат пред да бидат изолирани во Систинската капела.

Кардиналите го одредија датумот откако пристигнаа на првиот ден од неформалните состаноци по погребот на папата Франциск во саботата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески за нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе