Вести Македонија Топ вести

Во приемното одделение во Идризово петмина затвореници на место за еден

Popolnetost zatvori

Ниту има доволно луѓе ниту доволно пари за да се обезбедат хумани услови во затворите. Пренатрупани ќелии, влажни ѕидови, распаднати тоалети, недоволно лекари за да се обезбеди здравствена заштита на затворениците.

Во ревизорскиот извештај за успешноста на реформите во затворскиот систем од 2021 до 2023 се констатира дека пренатрупаноста, недоволните инвестиции во инфраструктурата, нецелосно воспоставениот видео надзор, недостатокот на медицински персонал и несоодветната техничка опременост влијаат негативно врз обезбедувањето хумани услови за затворениците.

Таму каде што се реновирани, условите се попристојни, но има крила од затворите каде што условите се неподносливи.

Ревизијата констатира дека во затворите има за 8 отсто повеќе осудени од капацитетот. Не е иста ситуацијата во сите затвори, па дури ни во различни одделенија во затворите. На пример, во штипскиот затвор има за 62 отсто повеќе затвореници од капацитетот, а во Битола за 45 отсто повеќе, но на пример затворот во Охрид е речиси празен, а отвореното одделение во Струга е полупразно. Најалармантна е ситуацијата во приемното одделение во Идризово, со капацитет од 10 затвореници, каде што се сместени 48, односно пет пати повеќе од предвиденото.

„Пренатрупаноста на КПУ негативно влијае на хигиената во установите, придонесува за недостиг на приватност и зголемување на случаите на насилство меѓу осудените лица“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Законот за пробација од 2016 требаше да ги растерети затворите, затоа што предвидува алтернативни мерки за осудување како општо корисна работа за полесните дела или домашен затвор, но не се користи доволно. Најчесто се користи општокорисната работа, а домашниот затвор не се користи. Алките со кои требаше да се следат осудените беа набавени, но никогаш не беа ставени во функција.

„Завршени се скоро сите процедури околу алките, алките и рутерите се тука. Имавме проблем затоа што 10 години се тие стари, од 2015, ги менувавме батериите и на алките и на рутерите, завршена е обуката на луѓето коишто ќе ги ставаат тие алки и во наредните неколку недели официјално ќе бидат пуштени во употреба“, изјави директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Слабо се работи со осудениците по нивното излегување од затвор, па тие си се враќаат на стариот начин на живот. Скоро половина од затворениците веќе еднаш претходно биле на робија.

Ревизијата исто така констатира големи разлики во трошоците за сместување затвореници, а при набавката на храна едни затвори плаќале за одредени производи двојно поскапо од други.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе